Портпаролот на париската полиција изјави дека планираниот протест на Плоштадот на Републиката е забранет поради ризик за јавниот ред, наведувајќи го „контекстот на тензии“ по неодамнешните немири и насилство на улиците низ дел од Франција.
Претседателот Емануел Макрон и француските власти ги отфрлаат обвинувањата за институционален расизам во рамките на силите за спроведување на законот во земјата, но по смртта на тинејџерот Нахел М., тие се под зголемен притисок од активисти да го решат проблемот со расното профилирање и регрутирањето и обуката на полицијата.
Француската полиција беше под лупа на јавноста откако полицаец на 27 јуни го застрела 17-годишниот Нахел на семафор. Младиот човек возел спортски автомобил без дозвола.
Полицаецот обвинет за убиство на тинејџер е приведен и покрената е истрага за убиство од небрежност. Неговиот адвокат изјави за новинарите дека полицаецот нишанел во ногата на бегалецот, но во движењето на автомобилот истрелот завршил во градите. Полицаецот, тврди адвокатот, немал намера да го убие младиот човек.