понеделник, 21 октомври 2024

По барање на судот, уапсени двајца тетовчани и однесени во затворот во Тетово

Двајца тетовчани вчера биле уапсени по налог на судот кои биле барани за издржување на казна затвор во Затворот во Тетово.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Вчера попладне, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 19 годишниот  Ј.Ј.(19) од село Добарце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Вечерта истиот ден 20.10 часот во село Теарце, полицијата го привела Е.Л. од истото село,  кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. И тој бил предаден во затворот во Тетово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ