Приватните воени компании (ПВК) технички не се легални според рускиот устав, вели Кварц. Сепак, оваа група, која е под санкции од Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Австралија, Канада, Јапонија и Обединетото Кралство, покажува дека Кремљ навистина соработува со приватни армии.
Загубите што ги претрпе Вагнер не мора да бидат официјално признаени, нивните тактики на мачење може да се игнорираат, а странските земји можат да придонесат со своите финансиски средства за операциите на оваа единица во различни конфликти. Вагнер стана моќен играч додека работеше во сенка правејќи големи финансиски зделки во сиромашните земји разурнати од конфликти со „дарежливи“ исплати на илјадници нови платеници.
Сумите за приклучување кон Вагнер
200.000 рубљи (околу 3.500 американски долари) – тоа е она што Вагнер им го вети на поранешните затвореници пред да престане да регрутира затвореници во јануари.
Просечната плата понудена на рускиот воен персонал се движи од 70.000 до 100.000 илјади рубли, што е сума во опсег од 930 до 1.330 американски долари.
Во случај да биде убиен војник на Вагнер, неговото семејство добива пет милиони рубли, што е околу 60.000 американски долари. Минатата година 30.000 луѓе се приклучиле во Вагнер кога регрутираа по руските затвори. Пригожин тврди дека Вагнер регрутира од 500 до 800 војници дневно.
Кварц известува дека бројот на платениците на Вагнер е зголемен за 20.000 од почетокот на инвазијата на Украина во февруари минатата година. Во текот на четири години, дури и пред војната во Украина, Вагнер заработил 250 милиони долари од компаниите со кои соработува, според истрагата на Фајненшл тајмс.
Тие ги добиле парите во замена за давање услуги на голем број сиромашни земји разорени од војни во Африка и на Блискиот Исток.