сабота, 23 ноември 2024
Во атарот на битолското село Магарево и во село Маково

Пиротехничари од ДЗС подигнале артилериски гранати од Првата светска војна

Во атарот на битолското село Магарево и во село Маково, општина Новаци, вчера се подигнати артилериски гранати со калибар 75 и 155 милиметри од Првата светска војна, кои претходно биле пронајдени.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека во атар на село Магарево, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал две артилериски гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна, додека во село Маково, општина Новаци, пиротехничар подигнал артилериска граната со калибар 155 мм од Првата светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ