Приготвување:
Излупете ги, исечете ги компирите на коцки и сварете ги.
Во тава стопете го путерот на средна температура.
Додајте го лукот и динстајте две минути. Намалете ја температурата.
Пасирајте ги во блендер сварените компири, печените црвени пиперки, млекото (или супата од коцка) и мајчината душица додека да станат кремасти. Ако смесата ви се чини густа, додајте уште малку млеко или супа.
Зачинете по вкус, а потоа уште еднаш промешајте ги состојките. Послужете.
Состојки:
6 средно големи компири
2 лажици путер
2 чешниња лук, здробени
2-3 црвени кисели печени пиперки од тегла, исцедени
200 мл млеко или зеленчукова супа од коцка
4 гранчиња свежа мајчина душица (или 1 лажичка сува)
сол и црн пипер по вкус