среда, 27 ноември 2024

Петмина Палестинци се убиени во нова израелска рација на Западниот Брег

Петмина Палестинци се убиени во бегалски камп во Тулкарем на окупираниот Западен Брег во рација на израелската армија, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството додаде дека бројот на загинати се искачи на пет, откако рано утринава беше објавено дека двајца мажи на возраст од 19 и 21 година починале во болница како последица на повредите.

Израелската воена операција почна синоќа во Тулкарем и неговиот бегалски камп Нур Шамс, на северот од Западниот Брег, според изјавите на жителите.

Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади „против повеќе вооружени терористички групи кои пукале, фрлале експлозиви и ги ставиле во опасност војниците“.

За време на операцијата „најмалку четворица терористи се убиени, а други се ранети“, навела израелската армија, која во соопштението додава дека четири лица се приведени и дека е одземено оружје.

Директорот на болницата Табет Табет, Амир Кадер, изјави за Франс прес дека во болницата пристигнале пет повредени лица, од кои едното со повреди на главата.

Насилството се интензивира на окупираниот Западен Брег од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, предизвикано од упадот на Хамас на израелска територија во кој загинаа најмалку 1.140 лица, според израелските власти.

Како одговор, Израел започна интензивно гранатирање на Појасот Газа, заедно со копнена офанзива, а во тие операции загинаа речиси 18.800 лица во Газа, повеќето од нив цивили, според Министерството за здравство на територијата под контрола на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ