Претседателот г-дин. Петар Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од членовите: г-дин. Ивица Хаџииљоски – потпретседател, г-дин. Владо Милев – потпретседател и г-дин. Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите г-дин. Кирил Калеников, г-дин. Зоран Карановиќ и г-дин. Никола Мицевски.
Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец г-дин. Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува г-ѓа Сања Никчевиќ.
На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.