сабота, 26 октомври 2024

Пет министерства и две вицепремиерски места ќе добие Вреди, се преговара за спикерското место

Коалицијата Вреди засега во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за состав на идна влада, договориле пет министерски места, едно вицепремиерско и една функција прв заменик претседател на владата, објави Ина-онлајн.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознава агенцијата од извори на Вреди, договорени се следните владини фукции, а нив ќе ги раководат поединци од партиите што ја сочинуваат албанската коалиција:

1. Министерство за политички систем и заедници (Алтернатива);

2. Министерство за здравство (Алтернатива)

3. Министерство за економија (Движење БЕСА)

4. Министерство за труд и социјална политика (Движење БЕСА)

5. Министерство за екологија (Демократско движење)

6. Министер без ресор (Алијанса за Албанците)

Прв вицепремиер (Демократско движење)

Вицепремиер за европски интеграции (Алијанса за Албанците).

Според досегашните сознанија, уште не е договорено кому ќе му припадне функцијата претседател на Собранието на Македонија. Вреди сака да ја добие и оваа функција, како континуитет на праксата Албанец да ја има една од трите клучни државни функции. Се спомнуваше името на лидерот на крилото на Алијанса за Албанците кое е дел од коалицијата, но поизвесно е тоа да биде лидерот на Алтернатива. Засега од ВМРО-ДПМНЕ анализираат дали и оваа државна функција да биде дел од договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ