четврток, 28 ноември 2024

Песков за враќањето на затворениците: Децата на руските шпиони не знаеле дека се Руси

Двете деца на рускиот шпионски брачен пар Атрем и Ана Дулчев, кои беа ослободени во размена со Западот, не знаеле дека се Руси додека не се качиле во авионот што слета во Москва, соопшти денеска Кремљ.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тие не знаеја дека се Руси и дека имаат некаква врска со нашата земја, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изјавил дека децата не го знаат рускиот јазик и дека претседателот на Русија Владимир Путин им посакал добредојде на шпански.

Брачната двојка Дулчев е уапсена во Словенија, каде што се претставувале како Аргентинци, пренесува Ројтерс.

Децата ги прашале своите родители кој е човекот кој ги поздравил. Не знаеле кој е Путин. Така работат илегалците. Толку многу се жртвуваат, изјави Песков.

Тој потврди дека убиецот Вадим Красиков, кој беше ослободен од германски затвор, е припадник на специјална единица на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Красников беше осуден во Германија за убиство на поранешен чеченски екстремист во Берлин во 2019 година.

Путин вчера го пречека Красников со прегратка на аеродромот во Москва.

Песков изјави дека размената на затвореници била организирана од ФСБ и Централната разузнавачка агенција на САД.

Одлуката на Путин да се сретне со ослободените затвореници на аеродромската писта е почит кон луѓето кои служат на својата земја и успеаја, благодарение на напорите на многу луѓе, да се вратат во својата татковина, рече Песков.

Во размената учествувале 24 лица, од кои 16 затвореници префрлени од Русија на Запад и осум во спротивна насока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ