недела, 27 октомври 2024

Песков: Путин страда поради нападот во Москва

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека Путин бил потресен од терористичкиот напад во Москва што се случи пред една недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Беше забележано дека Путин не присуствуваше на оддавањето почит на жртвите, ниту ги посети семејствата на жртвите и ранетите.

„Шефот на државата е многу загрижен поради ваквите трагедии. Верувајте ми, дури и ако не гледате солзи на неговото лице, тоа не значи дека не страда“, рече Песков во краткото интервју емитувано денеска.

„Малку е веројатно дека некој знае и разбира низ што минува тој, вклучително и вие и јас“, додаде Песков.

Откако на 22 март вооружени напаѓачи убија 144 лица, ранија 551 и ја запалија зградата на концертната сала, одговорноста ја презеде џихадистичката група Исламска држава.

Путин зборуваше за тоа следниот ден, а во понеделникот само рече дека напаѓачите се „радикални исламисти“, но руските власти ја обвинија Украина и нејзините западни сојузници дека го овозможиле нападот, што Киев и неговите сојузници остро го негираат.

Путин отпатува во регионот Твер, северозападно од Москва, во средата за да посети музеј, а во четвртокот беше на состанок за туризам кога Кремљ соопшти дека претседателот нема планови веднаш да се сретне со семејствата на жртвите или да оди на местото на нападот.

Во саботата, американски, европски и дипломати од африканските и латиноамериканските земји положија цвеќе на местото на нападот и оддадоа почит со едноминутно молчење, јави агенцијата Риа Новости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ