петок, 18 октомври 2024

Перо Антиќ повторно во НБА, станува помошник тренер во Феникс санс?

Перо Антиќ, кој се уште е прв човек на македонската кошарка, изминативе денови е дел од Феникс санс во Летната лига во НБА.

 

Објавено на

часот

Сподели

Перо Антиќ стана првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата, а сега повторно може да стане дел од најсилното кошаркарско првенство во светот.

Се шпекулира дека Перо Антиќ ќе биде дел од стручниот штаб на Феникс санс.

Прв тренер на „сонцата“ е Мајк Буденхолцер, кој му беше тренер на Перо Антиќ во Атланта и двајцата се во добар однос.

Перо Антиќ изминативе денови е дел од Феникс санс во Летната лига на НБА, и може да се забележи во опрема идентичка како оние од стручниот штаб.

Мајк Буденхолцер најави дека уште не му е комплетиран тренерскиот штаб, па затоа и се пишува дека Перо Антиќ може да стане помошник тренер.

Перо Антиќ во моментов го одработува вториот мандат на позицијат прв човек на КФМ, но во последно време се погласни се шпекулациите за негова смена, најмногу поради лошата работа и фактот што македонската кошарка континуирано паѓа надолу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ