вторник, 22 октомври 2024
Примопредавање на министерска функција

Перински од Пенов ја презеде функцијата министер за локална самоуправа

Новиот министер за локална самоуправа Златко Перински денеска во Министерството за локална самоуправа беше пречекан од досегашниот министер Ристо Пенов кој му посака на својот наследник успешна работа во интерес на граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој“, се вели во соопштението издадено по средбата.

Управувањето со ова министерство има  предизвици затоа што локалниот развој директно влијае на квалитетот на услугите и на животот на граѓаните, се вели понатаму во соопштението во кое се наведува и дека Пенов на Перински му посака успешна работа во интерес на сите граѓани.

„Беше истакнато дека е најважна финансиската поддршка на проектите, но и подобрувањето на функционалноста на локалната самоуправа преку постојано подобрување на услугите, отчетноста и транспарентноста. Исто така, беше истакната соработката на Министерството за локална сампоуправа со меѓународните организации и агенции во земјата, кои што во континуитет го поддржуваат процесот на децентрализација, како и развојот на општините и на планските региони“, пишува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ