петок, 18 октомври 2024

Перез за Бензема: Ти си пример за сите млади играчи кои го сакаат Реал Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

Бензема заминува од Реал Мадрид, неговата следна дестинација е Саудиска Арабија од каде му пристигна богата понуда која не можеше да ја одбие.

„Драг Карим, прекрасна приказна почна кога дојде ти тука пред 14 години и стана еден од најдобрите фудбалери кои некогаш се појавиле. Дојде како дете, а си заминуваш како еден од најдобрите“, вели Флорентино Перез.

„Карим, ти си пример кој треба младите да го следат, ти го претставуваш сето значење на Реал Мадрид“.

„Карим, твоето име ќе биде запишано во историските книги на овој клуб и фудбалот засекогаш“.

„Карим Бензема е втор најдобар стрелец и прв асистент во историјата на Реал Мадрид“.

„Ти благодариме за се што направи за овој клуб“, рече Флорентино Перез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ