недела, 20 октомври 2024

Пензионерскиот синдикат ја поздравува одлуката за зголемување на пензиите

Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите, го поздравува најавеното покачување на пензиите за 5.000 денари од страна на новата Влада и потсетува деа пензиите ќе се зголемат на двапати по 2.500 денари, првото зголемување во септември, а второто во март.

Објавено на

часот

Сподели

„Социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија во последните години е навистина на незавидно ниво. Потребно е пензиите да се зголемуваат за да можат истите да бидат доволни за да им овозможат пристоен живот на пензионерите. Се надеваме дека во иднина со новата Влада ќе имаме фер и коректен социјален дијалог и дека ќе ги ставиме на маса сите проблеми кои ги засегаат пензионерите“, се вели во соопштението на Пензионерскиот синдикат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ