сабота, 26 октомври 2024

Пенс: Нема да го поддржам Трамп на претседателските избори

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс денеска објави дека нема да го поддржи својот поранешен шеф и републикански кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не треба да изненадува тоа што нема да го поддржам Доналд Трамп оваа година“, рече Пенс за Фокс њуз. Тој додаде дека е горд со резултатите на администрацијата што ја водел заедно со Трамп.

„Тоа беше период што ја направи Америка попросперитетна и побезбедна“, рече Пенс. Сепак, тој истакна дека има „длабоки разлики“ меѓу него и Трамп „за голем број прашања“. Пенс рече дека не го поддржува Трамп, меѓу другото, поради неговото противење на забраната на Тикток во Америка и затоа што, како што вели, републиканскиот претседателски кандидат нема план да го реши проблемот со големиот јавен долг на САД.

„Доналд Трамп спроведува и артикулира агенда што е спротивна на конзервативната агенда по која се раководевме во текот на нашите четири години. И затоа не можам со чиста совест да го поддржам Доналд Трамп во оваа кампања“, рече американскиот политичар од Индијана.

Во 2021 година, Пенс изјави дека нема овластување да ги поништи резултатите од претседателските избори, и покрај притисокот од Трамп да го стори тоа за време на потврдата на резултатите во Конгресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ