вторник, 26 ноември 2024

Пендаровски во Арачиново: Државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Во досегашниот мандат покажав дека сум претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа и дека така ќе продолжи и во следниот мандат, рече вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средбата со граѓаните на Општина Арачиново.

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш не сум бил и не се кандидирам за претседател само на Македонците. Ќе бидам претседател на сите, како што бев глас на секој без оглед на етничка и каква било припадност. Промовирањето и претставувањето на сите граѓани на Македонија ќе биде приоритет и во наредните пет години“, порача Пендаровски.
Тој посочи дека очекува голема поддршка на 8 мај за државата да продолжи напред, како демократска, мултиетничка, прогресивна држава на рамноправни граѓани.
„Само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ, сѐ друго е продавање на политичка магла и обиди за враќање во времињата на тензии, поделби и неизвесност. Македонија нема друга опција освен продолжување на преговорите за членство во ЕУ додека да станеме дел од големото европско семејство.  На 8 мај сите заедно да гласаме за европска Македонија, тоа се гарантира само со заокружување на бројот 1“, посочи Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ