петок, 18 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Пеколот на Македонија во 8 круга

Тоа е Коридорот 8. Со други зборови, Македонија, најсиромашната држава во Европа, го финансира патното и железничкото поврзување на останатите две најсиромашни држави во Европа, Бугарија и Албанија. Каков идиотизам. Единствена сигурна последица од оваа инвестиција е дека Македонија ќе ја однесе во банкрот и ќе го загрози нејзиниот опстанок.
Тие што донеле одлука да се потрошат околу 1,3 милијарди евра (читај најмалку 2 милијарди евра)
за автопатишта на коридорот 8 и 500 милиони евра (читај најмалку 700 милиони евра) за
железничката пруга до Бугарија, дефинитивно се луѓе кои ќе треба да одговараат за загрозување
на националната безбедност на Македонија. Никој нема право за „грст долари“ да ја продаде
Македонија.
Инвестирањето во овој коридор може да се спореди со скок во длабока провалија. Доколку овие 3 милијарди евра наместо во Коридорот 8, се вложат во Коридорот 10, не само што Македонија нема да биде донесена во банкрот, туку напротив ќе доживее вистински економски и развоен бум.
Зошто?
Коридорот 10 е главната трансверзала која ја поврзува Европа со Блискиот Исток. Така било со
векови. Сега не е така, благодарение на неписмените водачи кои ја водат Македонија во изминатите триесетина години. За во иднина, ќе видиме.
Коридорот 10 е природниот пат за милиони и милиони европски и блискоисточни патници. Коридорот 10 е природниот пат за транспорт на добра и услуги и трговска размена помеѓу Европа, Блискиот исток и Африка.
Коридорот 10, е коридор од меѓународна економска, стратешка и политичка важност.
Во некои изминати времиња кога државата ја водеа некои други луѓе, овие транспортни магистрали беа носители на економскиот и регионалниот развој на Македонија.
Секоја година, над 5 милиони патници патуваа со 8 меѓународни возови секој ден во двата
правца. Автопатот годишно го користеа над шест милиони патници.
Товарниот сообраќај се одвиваше со десетина железнички композиции дневно и над триста
илјади камиони годишно.
Сервисирањето и услугите за ваква обемна економска активност вклучуваа транспортери, шпедитерски куќи, банки, царински испостави, царински складишта, логистичка и техничка поддршка, угостителски услуги, малопродажни услуги, горива и мазива…
Според слободна проценка во сите овие дејности директно и индиректно имаше над 7.000 вработени.
Да се потсетиме и на посебната поддршка на земјоделието со организирање т.н. возови на „ноќен
скок“ кои попладне се товареа со земјоделски прозиводи во Гевгелија, а после 14 часа беа на пазарите во Словенија. Звучи неверојатно? Разбирливо е, кога сега од Скопје до Битола се патува
10 часа, ако имате среќа.
Со еден збор, за држава како Македонија, коридорот 10 е кокошка која несе „златни јајца“ кои
можат да ја нахранат целата држава. За жал, нашите водачи оваа кокошка ја искубеа и од неа
направија супа.
Во последните 30 години во Коридорот 10 е инвестирано единствено во автопатот Демир
Капија – Смоквица. Толку.
Автопатот Гевгелија – Табановце денес наликува на автопат после војна. Железницата Гевгелија –Табановце е во полоша состојба од кога е изградена во 1873 година.
Поради ваквата политика на свесно уништување на коридорот 10, Македонија „успеа“ да изгуби и
се уште губи стотици милиони евра годишни приходи. За овие триесетина години се изгубени
најмалку 10 милијарди евра.
Некој намерно или не, Македонија ја носи во пропаст. Наместо да инвестираме во проект кој
гарнатира развој и безбедност, Македонија инвестира во „самоубиство“.
Нашиот сосед Србија инвестира во комплетно нова железница од Белград до границата со
Унгарија. Во исто време инвестираат 3,7 милијарди евра од кои 700 милиони се неповратни
средства од европаската заедница, во брза железница од Белград до Ниш во должина од 230 км
(идентично како Табановце-Гевгелија). Треба да си слеп, па да не можеш да видиш дека доколку
Македонија под итно не инвестира во модернизација на својата железница, ќе биде заобиколена
за век и веков со нова железничка трансверзала Европа-Србија-Бугарија-Турција.
Преживеавме војна, територијални промени, уставни промени, промени на знамето, името,
банки, извршители, политичари апаши, но верувајте нема да го преживееме проектот Коридор
8. Тоа ќе биде пеколот на Македонија во 8 круга.
Сега наместо да се каже СТОП на оваа погубна инвестициска политика, се водат плитки расправи
за тоа кој бил надзорен орган, дали Владата го давала договорот или не, дали Албанците си купувале земја која треба да биде предмет на експропријација…
Ние, Македонците треба да излеземе на улица и гласно да им порачаме на овие што сега не водат
дека НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА НИ ЈА УНИШТАТ ТАТКОВИНАТА. Друг избор немаме.
Дали опозицијата ќе се приклучи кон граѓаните или ќе продолжи со нивните јалови конференции за медиуми и пораките за предвремени избори, зависи од нив.

Основната рута на движење на стоките, капиталот и луѓето преку Коридорот 10 е од неспоредлив
стратешки интерес за Македонија и нејзина компаративна предност во однос на развој на
целокупната енормното задолжување и трошење на пари кои Македонија ги нема, на тотално непотребен и неекономски проект – Коридорот 8. Тоа што граѓаните молчат може и да се разбере, но молкот на експертската јавност од областа на економијата, транспортот и градежништвото е неразбирлив.

                                                                                                                                                 Ангел Наков

КОЛУМНИ

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

Далибор Ступар

Што се случи со Зелената агенда во Србија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ