сабота, 26 октомври 2024

Пекинг ги поддржува напорите на Советот за безбедност на ОН за прекин на борбите во Појасот Газа

Кинеските власти денеска соопштија дека ги поддржуваат напорите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ) за прекин на борбите во Појасот Газа, без да прецизираат дали Пекинг, постојана членка на СБ со право на вето, ќе ја поддржи американската нацрт-резолуција за итен прекин на огнот, пренесува Франс прес.

Објавено на

часот

Сподели

„Кина го поддржува Советот за безбедност на ОН да преземе дополнителни одговорни и значајни чекори што е можно поскоро, вложувајќи незапирливи напори за брзо завршување на конфликтот во Газа“, изјави за новинарите во Пекинг портпаролот на Министерството за надворешни работи Ли Џијан.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата предложена од САД со која се повикува на „итен и одржлив“ прекин на огнот во Газа, неопходен за заштита на цивилите и испорака на помош за повеќе од два милиони прегладнети Палестинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ