Пецаков во одговорот до Општина Струга испратено до јавноста посочува дека ниту ова, ниту било кое претходно раководство на Општина Охрид до далечното минато, се дрзнало да не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО.
-Што се однесува до случувањата во Охридскиот регион, а се поврзани со УНЕСКО, треба секој еден практикант на функција да знае дека тука се надлежни повеќе институции централни и локални и дека ниедна од овие институции не може самостојно да ги пишува заклучоците во извештаите кои ги носи УНЕСКО. А за да увидиш во извештајот кои се забелешките треба да го прочиташ, а не да чекаш некој да ти го прераскаже“, вели тој.
Тој наведе дека Општина Охрид и тој како нејзин градоначалник, со сите надлежни институции домашни и меѓународни имале одлична комуникација во врска со УНЕСКО.
„Тоа се потврдило и го потврдиле многубројните посети и работни состаноци. Иако, Општина Охрид која територијално е најопфатена со УНЕСКО, своите задолженија ги извршува редовно и навремено и во ниеден момент не бара виновник во други општини, бидејќи нема потреба да бараш виновник кога си ја работиш работата согласно закон“, вели Пецаков.
Што се однесува до наводното поткупување на медиумите, организациите и лобистите, тој се воздржува од коментар, остава самите да дадат одговор доколку се чувствуваат повикани.
„Во едно демократско општество за кое постојано се бориме и стремиме да го достигнеме, секој има право да го изнесе својот став без разлика дали тоа ќе е позитивен или негативен за некого. И последно, ваквите коментари единствено придонесуваат за нарушување на досегашниот искрен пристап кон проблемите со кои се соочуваме во однос на УНЕСКО и воедно се прашувам на кого му одат во корист и зошто?!“, прашува Пецаков.
Претходно денеска струшкиот градоначалник Рамиз Мерко имаше средба со претставници на Мешовитиот експертски тим од Обединетите нации, УНЕСКО, УНДП, УНЕП и Македонија за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро.