понеделник, 21 октомври 2024

Патник за излез од Македонија не пријавил 8.850 евра, одземени му се 6.850 евра

Спречен е обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин парите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок.

Објавено на

часот

Сподели

„Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите.

Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени.

Ова е втор случај во два дена на заплена на девизи. Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата“, велат од Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ