вторник, 22 октомври 2024

Партијата Десна на Палевски му ги замрзна членството и функцијата претседател

Политичката партија Десна чиј претседател е Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиствата на девојчето Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, а чии членови се и четири од останатите осомничени  лица, синоќа за првпат се огласи по сознанијата за грозоморните убиства. Десна соопшти дека ги замрзнува членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме со информации кои донесоа шок и неверување за нас.

Пред сѐ, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски.

Политичката партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното. 

Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.

Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи.

П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“, се вели во соопштението.

Инаку, покрај инволвираноста на членови на оваа мала радикална партија, осомничените за убиството користеле и партиски автомобил марка рено канго за реализирање на злосторствата, односно тоа возило одело пред возилото марка цитроен, сопственост на убиениот Панче Жежовски, а во кое била врзана несреќната Вања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ