недела, 27 октомври 2024

Парламентот на БиХ го усвои законот за конфликт на интереси, се очекува отворање на преговорите со ЕУ

Парламентот на Босна и Херцеговина го изгласа законот за спречување конфликт на интерес, со што таа земја исполни уште еден од условите кои ги постави Европската комисија за во текот на март да препорача носење одлука за отворање на пристапните преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставничкиот дом и Домот на народите на вонредни седници, со гласови на пратениците од партиите кои го сочинуваат владејачкото мнозинство, по итна постапка го потврдија законот во облик во кој во средата го прифати Советот на министри на БиХ по повеќемесечно усогласување.

Со новиот закон, за разлика од тој од 2002 година, е предвидена построга контрола на имотот и дополнителните активности на функционерите во државните тела на власта, како и нивните роднини. Функционерите во иднина ќе имаат обврска да го пријават целиот подвижен имот повреден од 2.500 евра, како и недвижностите што ги поседуваат, а ним и на нивните роднини им е забрането примање подароци поскапи од 100 евра, како и вршење должности во организации кои се кофинансираат од буџетот во износи од над 10 илјади евра.

Пописот на целосниот имот на функционерите ќе биде јавно достапен како посебен регистар, а сите податоци за имотот и евентуалниот конфликт на интерес ќе го проверува независна комисија која ќе ја сочинуваат непартиски личности. Комисијата ќе има можност да изрекува парични казни до 10 илјади евра, и да одлучува за можно менување на прекршувачите од нивните должности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ