„Ве молам, повторно ги повикувам светските лидери да направат нешто поконкретно за ограничување на штетните емисии“, рече Папата.
„Тоа е итна работа, итен предизвик, не може да се одложи, а ги засегнува сите. Да го заштитиме нашиот заеднички дом“, додаде тој, пренесе Ројтерс.
Папата го повика светот да се откаже од фосилните горива што е можно поскоро, а заштитата на животната средина ја постави како основа на неговиот понтификат.
Во неговата енциклика Laudato Si (Фален биди) од 2015 година, тој напиша дека забележува дека планетата „сè повеќе почнува да изгледа како огромен куп ѓубре“.
Папата изрази солидарност со сите што страдаат од последиците од климатската криза и со сите оние што им помагаат полесно да ги надминат.
Јужните делови на САД беа зафатени од рекорден топлински бран, а екстремни температури беа забележани и во Кина и јужноевропските земји, меѓу кои Италија и Грција.