недела, 27 октомври 2024

Папата Франциско го предводеше Велигденското бдение во базиликата Свети Петар

Папата Франциско синоќа го предводеше традиционалното велигденско бдение, кое траеше повеќе од два часа во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговиот глас понекогаш звучеше рапаво и без здив, но тој ги прочита сите подготвени текстови, вклучително и проповедта долга повеќе од една страница, и се насмевнуваше и мавташе кон толпата додека заминуваше во инвалидската количка, објави Ројтерс.

Вечерната миса започна во речиси целосен мрак пред светлата да бидат запалени, означувајќи го преминот од темнина во светлина кога, како што е наведено во Библијата, Исус Христос воскреснал од мртвите.

На мисата присуствувале околу 6.000 верници. Во својата проповед, папата Франциско ги повика христијаните да ја зачуваат својата вера дури и кога се оптоварени со тага, страв или други неволји.

Тој, меѓу другото, го спомна „игнорирањето на себичноста и рамнодушноста што нè попречуваат во нашите напори да изградиме поправедни и похумани градови и општества“, како и „сите наши аспирации за мир кои се уништени од суровата омраза и бруталноста на војната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ