сабота, 28 септември 2024

Палмер со четири гола му донесе победа на Челси, триумф на Арсенал во финишот против Лестер (ВИДЕО)

Денешните натпревари од Премиерлигата донесоа голема возбуда, неколку интересни меча, пред се мечот меѓу Арсенал и Лестер кој заврши со победа на топчиите од 4-2.

Објавено на

часот

Сподели

А ѕвезда на колото беше Палмер, фудбалерот на Челси ги даде сите четири гола во победата на неговиот тим над Брајтон од 4-2.

Со истиот резултат Арсенал го совлада Лестер, но момците на Артета се изнамачија за да дојдат до триумф.

Така не изгледаше во првото полувреме бидејќи Арсенал имаше водство од 2-0 со погодоци на Мартинели и Тросар. Во второто полувреме Џастин со два гола го израмни резултатот на 2-2.

Реми беше до 94. минута кога Ндиди си постигна автогол за водство на Арсенал од 3-2, а во 99. минута Хаверц ги постави конечните 4-2.

Брентфорд и Вест Хем одиграа нерешено 1-1, Евертон со 2-1 го победи Кристал Палас, а гостински триумф забележа Фулам кој со 1-0 го совлада Нотингем форест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ