петок, 1 ноември 2024

Палевски-Палчо слета во Македонија

Со редовната авионска линија Истанбул-Скопје Љупчо Палевски Палчо, осомничен за двојно убиство во Македонија, вечерва од турските власти беше екстрадиран на македонските правосудни органи.

Објавено на

часот

Сподели

Тој со полициска придружба ќе биде спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Се очекува негов распит пред истражен судија и негов 30-дневен притвор во посебна ќелија, каде ќе биде под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

Палевски беше речиси во шестмесечен екстрадициски притвор во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ