вторник, 26 ноември 2024

Пакистанската полиција го уапси поранешниот премиер Имран Кан по судска пресуда

Објавено на

часот

Сподели

Ова го изјави неговиот адвокат, откако поранешниот премиер беше осуден на три години затвор за незаконска продажба на подароци што ги добивал додека бил на функцијата.

По објавувањето на пресудата околу резиденцијата на Кан во Лахоре беа распоредени полицајци. По истрагата, Изборната комисија го прогласи Кан за виновен за незаконска продажба на подароци што ги добил за време на неговиот мандат како премиер од 2018 до 2022 година.

Кан се изјасни дека не е виновен во случајот. Кан (70) е обвинет дека незаконски продавал подароци што ги добил за време на посетите во странство во вредност од над 635.000 долари.

Правните експерти велат дека пресудата во овој случај би можела да стави крај на секоја шанса за учество на Кан на националните избори, кои мора да се одржат пред почетокот на ноември, пренесе Ројтерс.

Политичката партија на Кан соопшти дека веќе поднела жалба на одлуката на окружниот суд до Врховниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ