недела, 27 октомври 2024

Пак злоупотреба на европски пари, кривична пријава од Финансиска полиција

Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење сомневање за злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и за несовесно работење во служба по член 353-в и против едно правно лице – деловна банка поради постоење сомневање за сторено кривично дело измама на средства на Европската заедница по член 249-а став од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавените физички лица спротивно на кредитната политика, без знаење на кредитобарателите, со намера да ги искористат средствата кои потекнуваат од кредитната линија наменета за зголемување на енергетската ефикасност во Македонија и намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 обезбедена од GGF, Green for Growth Fund основан како јавно – приватно партнерство од страна на Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, во прилог на поднесените барања за одобрување на еко кредити изготвиле и приложиле про-фактури со невистинита содржина. Кредитобарателите се јавиле дека вршат набавка на демит фасада од правно лице од Битола, иако знаеле дека парите ќе бидат искористени за нивни лични цели. Потоа, врз основа на решенија за одобрување на кредитни барања биле склучени 36 договори за еко кредити, по што биле исплатени девизни средства во вкупен износ од 15.449.023 денари, соопшти Финансиската полиција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ