четврток, 28 ноември 2024

Отворен новиот спортско-рекреативен центар „Бранители“ во Љуботенски пат

Секое населено место ќе добие уреден простор за спорт и рекреација, најави министерот Борко Ристовски

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и пратеничката Каролина Насковска денеска во населеното место Љуботенски пат свечено го отворија новиот спортско-рекреативен центар „Бранители“.

-Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија. Спортско рекреативниот центар “Бранители” се протега на повеќе од 2.600 м2 површина и има повеќе содржини – ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ново лед осветлување, ново баскет игралиште со специјална подлога, нов парк и нови зелени површини, нови пешачки патеки, нова урбана опрема како и ново лед осветлување – информираше министерот Борко Ристовски.

Ова е уште еден спортско-рекреативен центар кој е изграден во изминатиов период. Ристовски најави дека негова заложба ќе биде изградба и на други вакви спортско-рекреативни центри кои ќе бидат ставени на располагање на граѓаните.

-До крајот на мојот мандат секое населено место ќе добие свој модерен спортско-рекреативен центар. Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат, добиваат модерна, урбана општина со многу содржини – истакна Ристовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ