недела, 20 октомври 2024

Отровна змија влезе во терен за време на меч на Доминик Тим (ВИДЕО)

Екстремно отровна змија го прекина мечот на Доминик Тием на турнирот во Бризбејн, откако влезе на теренот и предизвика судијата да им даде знак на актерите да побегнат за да нема трагични последици.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот светски рекет број 3 утринава играше против младиот Австралиец Џејмс Мекејб и го загуби првиот сет со 2-6, а само што требаше да се врати во мечот кога на теренот се појави змија. Беше повикано обезбедување, судијата го прекина натпреварот, а змијата – за која се покажа дека е исклучително отровна источна кафеава отровница долга околу половина метар – на крајот беше фатена.

Мечот потоа продолжи, Тим спаси три меч топки во вториот сет, а на крајот направи пресврт и победи со 2:1 во сетови (2:6, 7:6, 6:4). Тим, чиј АТП ранг неодамна го достигна најниското ниво во кариерата, успеа да се врати во Топ 100 и сега му треба уште една победа за да влезе во главниот турнир во Бризбејн. Квалификации го очекуваат на годинешниот Австралија опен.

Источната кафена змија, пак, е вид на екстремно отровни змии од семејството, кои ги има во источна и централна Австралија, како и во Нова Гвинеја. Може да порасне и до 2 метри, а нејзиниот отров се смета за втор најсилен во светот, веднаш по отровот на тајпанот. Во Австралија, случаите на смрт по каснувањето на оваа змија се релативно чести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ