сабота, 2 ноември 2024

Откриена е причината за бунтот на Вагнер

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека неколку дена пред обидот за бунт, Министерството за одбрана соопштило дека „сите групи и единици што извршуваат борбени задачи мора да потпишат договор“ со Министерството.

„Сите почнаа да ја спроведуваат оваа одлука, апсолутно исправна. Сите освен господинот Пригожин“, истакна Картаполов. „Тогаш му беше кажано дека во овој случај Вагнер нема да учествува во специјалната воена операција“, прецизира Картаполов.

„Тоа практично значеше дека нема да има повеќе пари, финансиски и материјални средства. А за господинот Пригожин парите се важен фактор, можеби и одлучувачки“, рече пратеникот.

„Сѐ сведе на ова: на прво место беа парите; второ, некои глупави и претерани амбиции; и трето, вознемирена состојба на умот. Сето ова комбинирано еволуираше во обид за велепредавство и измама на неговите соборци“, рече Картаполов за причините за обидот за бунт.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека Русија целосно го финансирала Вагнер и дека од мај 2022 година до мај годинава властите на приватната воена компанија ѝ платиле повеќе од 86 милијарди рубљи, што е околу една милијарда евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ