сабота, 19 октомври 2024

ОТА: Немаме договори за соработка со странски безбедносно-разузнавачки служба

Објавено на

часот

Сподели

Од ОТА додаваат дека „во врска со таквите објави, чувствуваме обврска и одговорност да истакнеме дека ОТА нема споделено доверливи информации, не подготвувала драфт договори, ниту има потпишано какви било договори или меморандуми за соработка со ниту една странска безбедносно-разузнавачка служба, вклучително ни со грчката национална разузнавачка служба, особено не за користење на софтвер за прислушување. Со сигурност уверуваме дека од страна на ОТА не се користи споменатиот софтвер и нејасна е намерата да се направи каква било поврзаност на ОТА со минатогодишните настани во Грција.

„Од своето формирање до денес, ОТА е гарантор дека следењето на комуникациите кое се врши преку ОТА и операторите се спроведува исклучиво во законска, строго утврдена постапка, единствено по издадена судска наредба. ОТА немала, нема и нема да има пристап до содржината на следената комуникација и незаконско или масовно следење на комуникациите преку ОТА технички не е, ниту ќе биде возможно.

ОТА е самостоен и независен државен орган и нејзиното работење нема поврзаност со извршната власт без разлика на нејзиниот состав.

Во таа смисла ОТА останува посветена на професионалното работење без какви било влијанија ниту поврзаност со политички интереси и партиски агенди“, стои во демантот на ОТА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ