сабота, 26 октомври 2024

Осум милиони Руси гласале онлајн, меѓу нив и Путин (ВИДЕО)

Повеќе од осум милиони гласачи го дадоа својот глас преку интернет на овие претседателски избори, соопшти претставник на изборната комисија.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прв пат на руски претседателски избори да се користи електронско гласање, а еден од оние што учествуваа беше и претседателот Владимир Путин, кој во петокот беше снимен како го дава својот глас со еден клик на тастатурата.

Руските власти го промовираа онлајн-гласањето уште од почетокот на ковид-пандемијата, а критичарите ова го означија како обид да се монтираат онлајн-податоците.

Шефот на независната мониторинг-група Голос (Глас) претходно изјави дека употребата на електронско гласање ги направила сите избори уште помалку отворени за јавна контрола. Системот беше користен на парламентарните избори пред три години во седум региони, а кандидатите на опозицијата тогаш велеа дека со тоа им била одземена победата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ