среда, 27 ноември 2024

Остар протест до Русија: Крај на неодговорните ескалации

Министерството за надворешни работи на Романија денеска протестираше поради, како што наведе, нарушувањето на воздушниот простор на земјата од руско беспилотно летало синоќа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти романското Министерство за надворешни работи, министерството изразило „силен протест против уште едно нарушување на воздушниот простор“ што можело да се случи за време на нападот на руските беспилотни летала врз Украина, пренесува Европска Правда.

„Министерството за надворешни работи категорично повикува на прекин на повторените напади врз украинското население и цивилната инфраструктура, како и прекин на неодговорната ескалација на безбедносната состојба од страна на Руската Федерација, особено на границата на Романија и Украина“, се наведува во соопштението.

Романското Министерство за надворешни работи соопшти дека за инцидентот ги информирало сојузниците и структурите на НАТО и дека е во контакт со нив.

Романското Министерство за одбрана потврди дека подигнало борбени авиони Ф-16 поради прекршување на воздушниот простор, а трага и по остатоците од беспилотното летало кое можело да падне на територијата на земјата.

Во текот на ноќта предупредување за опасност од воздух добија и жителите на романските погранични региони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ