петок, 25 октомври 2024
Продолжува посетата на министерот за надворешни работи на Централна Азија

Османи-Нуртлеу: И покрај војната во Украина, ОБСЕ ќе продолжи да нуди решенија за сигурноста на Централна Азија

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај предизвиците со коишто се соочува ОБСЕ, особено поради руската воена агресија во Украина, која има огромно влијание врз нашата колективна, човечка и економска безбедност, ОБСЕ ќе продолжи координирано да работи и да нуди решенија што ќе значат поголема сигурност за луѓето од поширокиот регион на Централна Азија“, изјави Османи.

Како што соопшти МНР, покрај за справување со предизвиците, претседавачот Османи истакна дека програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана дава поддршка на Казахстан и за спроведување на реформската агенда во земјата.

„Соработката меѓу Казахстан и ОБСЕ покажува многу добри резултати на терен. На пример, нашиот заеднички тригодишен проект за поддршка на реформите во правосудството резултира со  градење на капацитетите во соработка со Врховниот суд, владините тела и националните институции за човекови права. За споменување се исто така проектите за еко пристаништа, борба против сајбер криминалот и други, што говори за опипливите придобивки за луѓето што произлегуваат од заедничката работа на Канцеларијата на ОБСЕ и институциите“, истакна Османи.

Покрај соработката на ОБСЕ со Казахстан, Османи на прес-конференцијата со Нуртлеу истакна дека и Македонија и Казахстан имаат одлични билатерални односи во сите сфери од заеднички интерес – политички, економски, трговски и културни и очекува дека тие ќе продолжат да се продлабочуваат. 

Османи исто така изрази и благодарност до властите во Казахстан за поддршката на приоритетите на Македонија во рамки на претседавањето со ОБСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ