петок, 1 ноември 2024
По повод 30 години дипломатски односи

Османи на јапонскиот амбасадор му се обрати на три јазици, а тој на македонски jaзик (Видео)

На церемонија на размена на писма по повод 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија министерот за надворешни работи Бујар Османи на амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука му се обрати на три јазици, на јапонски, на македонски и на албански јазик. Амбасадорот возврати на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Потврда на искреното пријателството и соработка меѓу нашите две земји, но и мотивација за наш взаемен уште позасилен ангажман за зајакнување на билатералните односи.Благодарност за развојната помош, донациите и целокупната јапонска поддршка низ годините, како билатерално, така и во рамки на Иницијативата за соработка со земјите од Западен Балкан“, рече Османи, а на убавите зборови со убави зборови на македонски јазик возврати амбасадорот.

Јапонскиот амбасадор по повод свечениот чин на министерот Османи му предаде писмо од премиерот на Јапонија Кишида Фумио до македонскиот премиер Талат Џафери, како и писмо од Камикава Јоко, министерка за надворешни работи на Јапонија во кои се честита триесетгодишнина од билатералните односи помеѓу Јапонија и Македонија, воспоставени на први март 1994 година.

За возврат, министерот Османи ги предаде писмата за премиерот Кишида и министерката Камикава пренесувајќи честитки за овој значен повод.

„Размената на писма е знак за посветеноста кон континуираното и долготрајно пријателство и соработка помеѓу Јапонија и Северна Македонија и понатамошно зајакнување на врските помеѓу двете нации“, објави јапонската Амбасада.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ