среда, 4 декември 2024

Извештај на ЕК за културата: Културното наследство на земјата треба подобро да се чува

Во Годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на државава во делот за културата ЕК го наведува одложувањето да се усвојат измените на националното законодавство за култура – новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство.

Објавено на

часот

Сподели

ЕК  укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

„Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата“, се наведува во документот.

Нотирано е и дека Македонија продолжила целосно да учествува во програмата на ЕУ „Креативна Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ