„Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“.
Според последните информации, најмалку 100 Израелци и 198 Палестинци загинаа во денешната офанзива на палестинското движење Хамас против Израел.