„Дел од мојата платформа како претседател, ќе вклучува и ветинг за сите носители на јавни функции. Што значи тоа? Меѓународен борд кој ќе ги сертифицира во две насоки носителите на јавни функции. Прво – во безбедноста, дали имаат некаква врска со рускиот интерес и второ – со корупција и организиран криминал“, изјави Османи за емисијата Рубикон, на Клан Косова.
Додаде дека ќе бара во тој борд да биде и НАТО, поради, како што рече, безбедносното прашање, како и ЕУ и САД.
„Овој борд ќе треба да направи сертификација на секој носител на функција, почнувајќи од нас“, изјави Османи.