вторник, 19 ноември 2024

Орхан Муртезани – национален координатор за спроведување на Реформската агенда

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда со заклучок усвоен на денешната седница на Владата на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„ На седницата, исто така, беше утврден предлог – моделот за формирање на структура за спроведување на Инструментот за реформи и раст, кој произлегува од Регулативата на ЕУ 2024/1449 за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со која пак се дефинира Реформската агенда на Македонија, како и од нацрт-договорот за инструментот за реформи и раст и нацрт-договорот за заем“, информираат од Владата.

Со овој предлог-модел, Министерството за европски прашања во координација со надлежните институции, треба да ги преземе неопходните чекори за операционализација на структурата: што вклучува подготовка на сите процедури, упатства, насоки и други документи за мониторинг, известување и евалуација, како и јавна внатрешна финансиска контрола и ревизија, за спроведување на Реформската агенда.

По утврдувањето на текстот на нацрт-договорот за инструментот за реформи и раст, Владата го овластила министерот Муртезани да го потпише.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ