сабота, 2 ноември 2024

Орбан: Унгарија веќе нема да ѝ дава пари на Украина, прво нека објасни на што ги потрошила претходните 70 милијарди

Објавено на

часот

Сподели

„Унгарија не се согласува со плановите на Европската комисија да ѝ додели дополнителни финансиски средства на Украина и не сака да даде дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ“, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

„Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да ѝ даваме пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра.“

„И сметаме дека е крајно смешно и апсурдно да треба дополнително да ги финансираме трошоците за отплата на кредитот од кој сѐ уште не сме ги добиле средствата на кои имаме право“, рече Орбан.

Унгарија и Полска се единствените членки на ЕУ што ги немаат добиено средствата за закрепнување, кои Комисијата ги блокираше поради обвинувањата дека националистичките влади на двете земји ги оштетуваат демократијата и владеењето на правото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ