понеделник, 18 ноември 2024
Експертскиот тим за заштита на Охридско-струшкиот регион го седна на маса Мерко

Општина Струга: Охрид постојано ја напаѓа Струга без никакви аргументи за обврските кон УНЕСКО

Мешовитиот експертски тим од Обединетите нации, УНЕСКО, УНДП, УНЕП и Македонија за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро денеска имал работен состанок со градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко. Во контекст на заштитата на Охридско-струшкиот регион во рамките на УНЕСКО, Општина Струга ја обвини Општина Охрид дека најголем дел од проблемите и тешкотиите во регионот произлегле од Охрид и нејзините раководители, кои, како што велат од Општина Струга, постојано, преку платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓале Струга од секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи.

Објавено на

часот

Сподели

Предводник на тимот, како што соопшти Општина Струга, била Џејн Томсон, експерт поддржан од УНЕСКО, а покрај струшкиот градоначалник учествувале и неговите соработници од областа на урбанизмот, заштитата на природната средина, културното наследство и туризмот, како и локалниот економски развој.

„Целта на овој работен состанок беше подетално запознавање на главните заинтересирани страни со процесот на подготовка на Студијата и примена на ГИС алатка за прибирање, презентирање и управување со податоците во рамките на природното и културно наследство на Охридскиот регион“, информира општинската прес-служба.

Состанокот, како што е наведено, се засновал на иницијативата на работната група за подготовка на урбанистички план од државно значење за крајбрежниот појас на Охридското Езеро, формирана од Владата.

„Со најголемо задоволство мора да истакнеме дека претставниците на овој мешовит експертски тим од домашен и меѓународен карактер е единствениот кој организирал ваков работен состанок во Струга, тим кој сериозно и со најголемо внимание ги слушнал нашите барања и потреби, кој реално ја оценил целокупната состојба со Охридскиот регион, и за делот од Струга, но и тим кој вистински ги дава на располагање сите свои човечки ресурси за успешна изработка и реализација на студијата за урбанистичките планови за крајбрежјето на Охридското Езеро. Ова беше лично истакнато од сите присутни експерти од мешовитиот тим, особено од Џејн Томсон со нејзината и нашата визија за тоа каква ќе биде Струга во следните четириесеттина години, но и од Матео Розати, кој се заложи за воспотавување дијалог помеѓу органите на ОН и општината со нејзините граѓани заради помагање и олесување на процесот на социо-економскиот развој и заштитата на животната средина “, посочуваат од Општина Струга.

Оттаму обвинуваат дека најголем дел од проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион произлегле од Општината Охрид и нејзините раководители, кои, како што е наведено, постојано, преку платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓале Општина Струга од секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи.
 
Општина Струга, најодговорно и најпрофесионално ги извршувала, ги извршува и ќе ги извршува сите обврски кон задолженијата кои произлегуваат од мониторинг мисијата на УНЕСКО и од заклучоците од Самитот на УНЕСКО. Ова го потврдува и еден од членовите на мешовитиот експретски тим, кој меѓу другото, образложи дека Општина Струга, спрема УНЕСКО, ја одржува на највисоко ниво заштитата на животната средина, во делот од Струга, но и тоа дека сите инсинуации, шпекулации и напади се невистинити за Струга и за Општина Струга, а тие доаѓаат токму од медиумите и од Општина Охрид“, велат од Општина Струга.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ