Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен разговор со нив, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата. Сопствениците на парцелата исто така се задолжени од инспекторите да ја донесат целосната документација на увид во Секторот за инспекциски работи на општина Центар.
Од страна на општина Центар на локацијата повикани се сите надлежни институции, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумската полиција и пријавен е во полиција и веќе на терен се инспектори од МВР, со цел да се дознае кој и зошто ја извршил сечата на дрва, а сопствениците со целосната документација се повикани на разговор во Секторот за инспекциски работи на општина Центар.