петок, 18 октомври 2024

Општина Аеродром дава 3.500 денари помош за првачиња

Објавено на

часот

Сподели

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на следниот линк.

Како што информираа од Општината, во прилог на барањето треба да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ