„Екипи на Општината во соработка со МВР веднаш излегоа на терен, каде ги расчистуваат последиците од невремето“, соопштија од Општина Аеродром.
Оттаму ги повикуваат граѓаните доколку забележат и други оштетувања да пријават на телефонските броеви 072/270 886 или на 112, информираат од Општина Аеродром.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со екипи од општината започнаа со расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода.
„Нема премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.