„Опозицијата може секој ден да бара избори и да ја гледа ДУИ во опозиција, но треба да се освестат дека гледале сон што нема да се оствари. ДУИ не се победува со пароли и гнев, напротив, кога дури и Зоран Заев нѐ гледаше во опозиција, ние освоивме за над 50 отсто повеќе мандати и излеговме како победници. Значи, нека мислат тие партии што сакаат, но ДУИ нема да стане опозиција, затоа што сите овие години постигнуваме опипливи работи и, да нагласам, со ДУИ Албанците беа факторизирани на државно и институционално ниво“, изјави Ахмети.
За посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти за време на која се крена многу прашина во Македонија, Ахмети оцени дека македонската албанска опозиција го злоупотреби него.
„Опозицијата овде има некаква мака во дејствувањето, па сметаа дека ќе се промовираат и издигнат, но преку премиерот на Косово. И во извесна мерка успеаја во тоа. Но според мене тоа е класична злоупотреба на премиерот“, рече Ахмети.
Во тој контекст Ахмети нагласи дека во Косово има пријатели, дека не зазема страна кога станува збор за политичките односи и соработува со сите тамошни партии. Додаде и дека на барање на Курти го примил косовскиот министер Љибурн Аљиу за да разговараат за инфраструктурни проекти од заеднички интерес.
„Добро е и здраво да нема мешање однадвор затоа што не ги знаете околностите во Република Северна Македонија. Не ја знаете целосната конфигурација“, рече лидерот на ДУИ.