петок, 18 октомври 2024
И покрај официјалните деманти

Опасни домати со забранети пестициди сепак се продаваат на Кванташки пазар

Објавено на

часот

Сподели

Но анализите до кои дојде редакцијата на МКД.мк и за кои побара толкување од професорката од Земјоделскиот факултет Станислава Лазаревска, покажуваат дека во доматите што се испитувале има една забранета состојка и една состојка со количество над дозволеното.

Состојката хлорперифос метил, која ја има во анализите, е забранета, односно се работи за активна материја што не е дозволена во земјоделската регулатива. Од јануари 2020 година постои забрана за увоз на производи што ја содржат оваа состојка и ако често се консумираат производи што ја имаат, тие доведуваат до хронични промени на здравјето на луѓето.

Ние имаме регулатива за внес на храна, која е усогласена со европската и е многу строга, само треба да се почитува. Ако се утврдило дека има производ со овој инсектицид, тој требало да се врати или да се уништи, но никако да се увезе. Хлорперифос метил не смее да има во ниту еден производ. Втората состојка од анализите, перимифос метил, има вредност што е поголема од дозволената, значи и тоа не е во ред. Сѐ што е забрането или во зголемена вредност не смее да се увезува и да имаме такви производи“, вели во изјава за МКД.мк професорката Лазаревска толкувајќи ги анализите што ѝ ги испративме.

Пестицидот хлорперифос (Chlorpyrifos methyl) e забранет во ЕУ и во САД.

На прашањето што значи тоа за оние граѓани што веќе ги купиле и изеле тие домати, Лазаревска вели дека тоа е веќе изедено и затоа постојат инспекции што не треба да дозволат влез на земјоделски производи со забранети состојки и дека штом нешто забрането, значи дека е штетно.

д

Официјално – нема затруени домати 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако се појави информацијата за канцерогени домати, соопшти дека таков увоз не е можен. 

Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија. Според анонимниот загрижен автор на пораката, наводно станува збор за домати што како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди се вратени од увоз од Босна и Херцеговина или од Република Црна Гора. Како одговорна институција за безбедноста на храна, уште поодговорно тврдиме дека ваков таканаречен увоз не е можен, бидејќи пратки со храна, вклучително и со домати што како небезбедни се вратени од увоз во други земји освен да транзитираат, не смеат да се увезат во државава“, соопштија на 16 мај од АХВ.

Според црногорските медиуми и извештаите од Босна и Херцеговина, нивните фитосанитарни инспекции годинава сепак вратиле или уништиле тони и тони домати за кои утврдиле дека имаат недозволени концентрации на пестициди.

Од АХВ информираат дека од почетокот на годинава од вкупно увезените 1.819.306 килограми домати по потекло од Република Албанија нема вратено ниту една пратка како небезбедна. Во неделата (14 мај), информираа од АХВ, преку инспекциското место на ГП Табановце, кое работи за време на викенд, од страна на инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, извршен е преглед и дозволен е увоз на 12 пратки со различен вид зеленчук, од кои 148.757 килограми домати. Увозот е реализиран од 11 оператори со храна евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство, кои за увозот ја поседуваат целокупната потребна документација.

„Наводниот увоз на 10 камиони со небезбедни домати од Албанија, за кој во анонимната ФБ објава се тврди дека е реализиран деновиве, воопшто не е евидентиран од Агенцијата за храна и ветеринарство како таков, односно, досега, вклучително и викендов, не е вратена ниту една небезбедна пратка по потекло од соседна Албанија. Апелираме граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на дезинформации, особено не на објави на социјалните мрежи зад кои се затскриваат интереси на поединци, кои, од само за нив познати причини, во име на грижа за здравјето на граѓаните пласираат невистини и ги доведуваат во заблуда потрошувачите. До анонимниот објавувач упатуваме апел доколку располага со вистините докази случајот да го пријави до надлежните државни органи“, соопштија тогаш од АХВ.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат контроли на домашниот пазар со овошје и зеленчук, како и на пратките што се увезуваат во земјава.

Со контролите се опфатени магацините за чување на овошје и зеленчук, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети за овошје и зеленчук.

Дополнително од АХВ тогаш соопштија дека прометот со овошје и зеленчук се контролира и во рамките на контролите на мешовитите продавници, кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив.

к

Сепак, затруени домати – има

И покрај овие детални информации од АХВ, на 18 мај од Кванташкиот пазар во Скопје во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина биле однесени неколку гајби со домати, наводно увезени од Албанија, со барање за „анализа резидиум и контаминенти, хемиска-аналитичка хемија на храна и храна за животни“. На 23 мај било добиено известување со заклучок во однос на испитуваните параметри дека „мострата е незадоволителна на условите од Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максимално дозволените нивоа на резидуи од пестициди во или врз храната“. 

Овој лабораториски наод беше јавно објавен на Фејсбук, но одговор од надлежните институции нема. Од Агенцијата за храна и ветеринарство побаравме дополнителни информации за ова, а одговорот ќе го објавиме веднаш штом го добиеме. Без разлика на земјата на потеклото на доматите, на Кванташкиот пазар во Скопје се продаваа(т) домати кои требаше да бидат уништени или вратени, а не да се прават салати со нив. 

Уште некои податоци

Македонија годинава го зголеми увозот на доматите од Албанија, како што објаснуваа во февруари-март надлежните, за стабилизирање на цените на доматите. Недостатокот на домати и на странските пазари во овој период драстично ја зголеми цената на доматите на домашниот пазар. Земјотресот во Турција и забраната за извоз на домати од таа земја се одрази и во Македонија. На македонскиот пазар малородажната цена на доматите во зависност од квалитетот тогаш достигна и до 180 денари за килограм.

Според официјалните податоци за надворешно-трговската размена на Албанија, во текот на јануари за македонскиот пазар се извезени стоки во вредност од околу 4,4 милијарди леки. Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, како и тестенини.

Што пишува по енциклопедиите?

Дишењето или внесувањето на хлорперифос може да резултира со различни ефекти на нервниот систем, главоболки, заматен вид, кома и смрт, во зависност од количината и должината на изложеноста.
Пиримифос-метил (Pirimifos methyl) може да предизвика инхибиција на холинестераза кај луѓето, oдносно, може да го престимулира нервниот систем предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија и при многу висока изложеност (на пример, несреќи или големи излевања), респираторна парализа и смрт.

К.Д.-А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ