сабота, 26 октомври 2024

ОН: Во Газа децата умираат од глад

Масовен глад во Појасот Газа е „речиси неизбежен ако ништо не се смени“, извести денес Службата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања (ОЦНА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Светската здравствена организација (СЗО) истовремено соопшти дека на таа палестинска територија се потврдени десет случаи на смрт на деца од глад, но се претпоставува дека се неспоредливо повеќе.

И покрај катастрофалната ситуација, во Газа сè уште не е официјално прогласена состојба на глад бидејќи се чека административно да се исполнат критериумите за тоа.

Портпаролот на ОЦХА Јенс Лерке објасни дека ОН и хуманитарните служби имаат прецизни критериуми за одредување таква ситуација, но предупреди дека обично „во моментот кога ќе се прогласи глад, веќе е предоцна за премногу луѓе“.

Во Сомалија во 2011 година половина од жртвите на гладот веќе биле умрени пред официјално да биде прогласен глад.

Лерке кажа дека ОН не сакаат да дојде до таква ситуација и во Газа, и дека е „потребно нештата што побрзо да се променат“.

Објасни дека пред почетокот на војната во октомври во Газа снабдувањето со храна било добро. „Луѓето имаа храна, можеа да ја произведуваат, а сега тоа производство е речиси невозможно“, кажа тој. Додаде дека риболовот е важен извор на храна „а сега е целосно прекинат“.

„Уништени се темелите на секојдневниот живот на луѓето“, кажа портпаролот на ОЦХА.

Зборувајќи за убиството на повеќе од сто жителите на градот Газа при делењето на хуманитарната помош во четвртокот, главно жртви на израелски оган, портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер објасни дека тие луѓе морале да бидат страшно гладни за да преземат таков ризик.

Во Газа „на луѓето толку очајнички им се потребни храна, вода за пиење, какви било намирници, што го ризикуваат животот за да дојдат до тоа и за своите деца и за себе“, кажа тој.

„Тоа е вистинска трагедија, вистинска катастрофа“, кажа Линдмаер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ