петок, 1 ноември 2024

ОН: Уништувањето на украинската брана ќе има огромно влијание врз безбедноста на светската храна

Објавено на

часот

Сподели

Браната Каховка беше пробиена во раните утрински часови на 6 јуни, испуштајќи огромно количество вода, која ја поплави јужна Украина. Засега не е познато што го предизвикало пробивот, иако норвешките сеизмолози и американските сателити тврдат дека регистрирале експлозија. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето.

Шефот на ОН за хуманитарна помош Мартин Грифитс изјави за Би-би-си дека влијанието на настанот врз глобалната безбедност на храната може да биде големо. „Тоа е житница, целата област низводно, кон Црно Море и Крим, житница е не само за Украина, туку и за светот. Веќе се соочуваме со тешкотии во однос на безбедноста на храната, но сега, сигурен сум, цените ќе се зголемат“, рече Грифитс и додаде:

„Речиси е неизбежно следната година да видиме огромни, огромни проблеми со жетвата и сеидбата. И така, ќе има огромно влијание врз безбедноста на храната, тоа ќе се случи.“

Украина и Русија се два од клучните светски производители на храна и главни играчи на пазарот за пченица, јачмен, пченка, маслена репка, семки од сончоглед и сончогледово масло. Грифитс рече дека од резервоарот за вода што го држела браната зависеле 700.000 луѓе за вода за пиење. Без чиста вода, тие се изложени на ризик од болести, а децата се најранливи.

Британецот, исто така, рече дека штетата од овој обем ѝ е нанесена на цивилната инфраструктура со целосно кршење на меѓународното хуманитарно право, вклучително и Женевската конвенција. „Очигледно е. Кој и да го сторил тоа ја прекршил Женевската конвенција“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ