„Кризата бара континуирана финансиска поддршка и се надевам дека сите можеме да го задржиме Судан на врвот на нашите приоритети“, изјави Мартин Грифитс шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации на крајот од конференцијата.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на отворањето на конференцијата рече дека Судан „влегува во смрт и уништување со невидена брзина“ и дека без силна меѓународна поддршка „тоа брзо би можело да стане место на анархија, а тоа би предизвикало несигурност во целиот регион“.
ОН упатија два повици до донаторите за собирање на хуманитарната помош за Судан и за помош за земјите каде што има бегалци од Судан.
Судирите во Судан избија на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали.